دانلود کتاب По повод најновиот напад на нашиот јазик
by Blaže Koneski/ Блаже Конески
|
عنوان فارسی: به مناسبت آخرین حمله به زبان ما |
دانلود کتاب
جزییات کتاب
Жалосно е ние сега по патот на буржоазната лингвистика да се натпреваруваме со докази колку во тие говори има македонизми, а колку бугаризми, кога е и без тоа јасно кој народ зборува на нив. Новата лингвистика кај нас и во братска Бугарија 6и требало да оди, ни се чини, по сосем обратниот пат, т. е. повеќе да го истакнува тоа што не’ сврзува одошто тоа што не’ дели. Инаку ќе стигнеме до апсурди до какви што стигаше шовинистичката наука за јазикот: барајќи ги од една страна границите на бугарскиот јазик кај Крагуевац, а од друга страна границите на српскиот јазик на Искар зад Софија. Така е тоа штом говорот на Пиринско и Софиско е од еден исти шопски тип, додека народот одавде граница се чувствува српски, а отаде граница бугарски.
Бидејќи говорите во Пиринска Македонија се говори перифериски, јасно е дека во нив ќе најдеме редум црти што им се општи со македонските говори по на запад од нив, како и такви црти што ги поврзуваат со соседните бугарски говори. Кога зборуваме за говорите во Пиринска Македонија не треба да изгубиме од предвид еден факт: 50%
од населението на тој македонски крај се состои од бегалци од Егејска Македонија. Исто и говорите на тие бегалци
од секогаш во лингвистиката се сврзувале имено со македонската говорна група. Да се рече дека бугарскиот лите
ратурен јазик бил говорен јазик на народот во Пиринска Македонија е невистина. Тој народ таму мора да го учи бу
гарскиот јазик, ако сака да се служи со него. Во името на што му забрануваат тогаш да го учи својот мајчин маке
донски јазик? Пошто да му е тој тогаш понеразбран? Целата работа е во тоа што некои измислуваат таков апсурд
дека бугарскиот литературен јазик бил поразбран за Македонците (и не само за оние од Пиринска Македонија) од
нивниот роден македонски јазик!
Но нивните поруги за нашиот јазик им се враќаат на глава. Нема нас во нешто да не поколебаат. Имаме ние еден
одговор многу посилен од сите нивни „аргументи“: со уште поголема енергија ќе се нафрлиме да го описмениме, да го
издигнеме нашиот доскоро поробен народ до придобивките на културата — имено на овој негов литературен јазик,
најмил и најблизок.
Блаже Конески 1948