دانلود کتاب Човекови права
by Јован Ананиев, Беса Арифи, и др.
|
عنوان فارسی: حقوق بشر |
دانلود کتاب
جزییات کتاب
Книгата се фокусира на обезбедување на вештини и знаења на идните правни практичари за повеќе права и принципи како што е: правото на живот, забраната на мачење, нечовечно или понижувачко постапување или казнување, правото на еднаквост и принципот на недискриминација, правото на слобода и безбедност, правото на правично судење, правото на приватен и семеен живот, дом и преписка, слободата на мисла, совест и религија, слободата на изразување, правото на глас и правото на правични и слободни избори, слободата на собир и здружување, слободата на движење како и постојниот систем на заштита на човековите права на универзално и регионално, (европско), ниво. Притоа, акцентот е ставен како на теоријата така и на практиката, посебно на судската практика на Европскиот суд за човекови права, Судот на правдата на Европската Унија и националната уставно-судска заштита. Тоа се должи на една едноставна причина дека крајната цел на меѓународната заштита на правата на човекот е нивно спроведување на национално ниво, како и справување со повредата на односното право вклучувајќи го и во нашето општество, со тоа што на жртвите на повредата на правата на човекот им се овозможува да ја бараат правдата преку соодветни и ефикасни правни лекови. За да се постигне оваа цел, идните правници и стручната јавност треба да располагаат со практични алатки и совети за примената на меѓународните стандарди во националното законодавство.