دانلود کتاب Европска унија: право и политики
by Ана Никодиновска Крстевска, Борка Тушевска Гавриловиќ, Олга Кошевалиска (уред.)
|
عنوان فارسی: اتحادیه اروپا: قانون و سیاست ها |
دانلود کتاب
جزییات کتاب
Збирката содржи ракописи од вкупно единаесет различни подрачја од Европското право и политики во кои се обработуваат како правни така и политички прашања. Таа е систематизирана согласно определена структура и содржина на начин што ги поедноставува концептите и ја доближува содржината до пошироката јавност. Таа има еден унифициран пристап на изработка на секое поединечно поглавје, што вклучува воведни аспекти во кои се елаборира конкретното европско право и политика кое е предмет на обработка; потоа преку хиерархиски пристап на изворите на правото на Европската унија се разработуваат за секое поглавје засебно примарното и секундарното право; се наведува богатата практика на Судот на правдата на Европската унија; се изведува заклучок; и на крај се поставуваат одреден број на прашања врз основа на кои се насочува читателот да извлече поука од најбитните содржини во поглавјата. Освен тоа, секое поглавје вклучува користена литература, која може да му послужи на читателот за продлабочување во материјата. Со други зборови, концептот на секое поединечно поглавје вклучува теориски и практични аспекти на проблематиката што се обработува и содржи прашања за проверка на знаењето.
И покрај тоа што збирката содржи текстови наменети за академскаата и стручната заедница на правници, политиколози, економисти, практичари и студенти, сепак самата структура овозможува истата да биде разбирлива и за други категории на читателска јавност. Така, при определување на редоследот на поглавјата земени се предвид темите на обработка, при што на читателот му е оставена можноста да започне со поопштитете аспекти на материјата, па сè до специфичностите од областа на јавното и приватното право од европскиот домен.