دانلود کتاب Македонската литература : од Мисирков до Рацин
by Миодраг Друговац
|
عنوان فارسی: ادبیات مقدونی: از میسیرکف تا راسین |
دانلود کتاب
جزییات کتاب
Историската генеза на македонската литература, како и нејзиниот развиток низ времето, се до овој момент, претставува
колку национално значаен толку научно се уште недоволно истражен простор на нашата млада книжевно-историска и критичка мисла. Сепак, во врска со ова становиште можеби не
е дијалектички оправдана каква и да е, па и најдобронамерна, забелешка дека од страна на науката не е сторен напор,
историскиот развиток на македонската литература да се согледа од аспект на сите негови национални, културни, социјални, политички итн., обусловености и закономерности. Реченото, главно, се однесува и на трите последни периода од историската еволуција на оваа литература: Илинденскиот, Рациновскиот и Слободниот (или Период на остварениот континуитет
— како што поинаку би можеле периодизациски да го детерминираме најдинамичниот, жанровски најразновидниот книжевноисториски период, во едно вакво, прилично глобално, нивно разграничување).
Навистина, ни недостигаат научни синтези со книжевноисториски карактер, или барем глобални пресеци на одделни периоди на оваа литература со критичка свест за нивната заемна
поврзаност според јазикот, стилот, национално-социјалните и некои други општи белези што македонската литература ја специфицираат како автохтон организам, или пак укажуваат на пукнатините во нејзиното генеалошко стебло, имајќи ја предвцд национално-историската судбина на македонскиот народ и респектирајќи го целокупниот, дијалектички обусловен, генетичко - еволуционен комплекс на причини и последици поради кои во сегашниот момент се чини како неизбежно да се апострофираат
вакууми во културно-историскиот и литературниот развиток и
онЅму каде што за нив очевидно се нема сосема јасна претстава.
Впрочем, од оваа толку сериозна проблемска сфера постојат во
македонската историографија многу трудови од автори со различни научни профили: сите тие, заедно, претставуваат придонес од непроценливо значење за пронаоѓање, утврдување и класифицирање на националните и книжевно-историските конституенси на македонската литература, а за некои периоди од нејзиниот развиток (на пр. за Преродбенскиот период и за 19 век воопшто) или за одделни личности од Преродбата, Предилинденската,
Илинденската или Рациновската епоха дури евидентно резултира
во книжевно-историски и критички синтези од највисок научен
3ранг и со тоа, несомнено, ја втемелуваат визијата на македонската литература на определените епохи.
Да се говори за литературата, вели Албер Тибоде, „значи
во неа да се проникне со мисла, да се познава и да се изложува
таа внесувајќи во тоа некој ред, следејќи ги промените, усвојувајќи го траењето“. Со смисла за таков ред, со смисла за синтеза
на литературните искуства во минатото, ние на ова место ги издвојуваме бележитите трудови на Блаже Конески за историјата
на македонскиот литературен јазик и лингвистичката мисла во
целост, потоа трудовите од пространата книжевно-историска област почнувајќи од Климент Охридски и Охридската книжевна
школа до македонската литература во 19 век, Крсте П. Мисирков и Кочо Рацин1; на д-р Харалампие Поленаковиќ за македонската литература во 19 век; на Димитар Митрев за делото
на Димитар и Константин Миладиновци, Никола Јонков Вапцаров,
Кочо Рацин, Коле Неделковски, современата македонска литература и книжевната теорија; трудовите на д-р Георги Сталев за
литературата од преродбенската епоха, теоријата на стихот и современата литература; на д-р Георги Старделов за генезата и
развитокот на македонската естетичка мисла, книжевната теорија и современата литература; на д-р Блаже Ристовски за делото
на Крсте П. Мисирков, литературата на Македонците пишувана
на бугарски и српскохрватски јазик и др.; на Александар Алексиев за драмско-театарското дело на Војдан Чернодрински и македонското драмско творештво меѓу двете војни; трудовите на д-р
Александар Спасов за делото на Рајко Жинзифов, Кочо Рацин
и одделни современи писатели; на д-р Милан Гурчинов за современата литература; на Јован Бошковски за драмското творештво од неговите почетоци со Јордан Хаџи Константинов
Џинот до современите струења и личности, итн. Се разбира, во
овој контекст не можат да се превидат трудовите што со право се
сметаат за пионерски и основоположнички во македонската книжевно-историска наука, на пр. „Зборникот“ на браќата Миладиновци и предговорот кон тој зборник на Константин Миладинов, естетичките и критичките рефлексии на Григор Прличев,
лингвистичките и книжевно-историски релевантните трудови на
Крсте П. Мисирков, Кочо Рацин и некои други, бројни сподвижници на македонската научна и книжевна мисла од преродбенската до современата, слободна епоха од развојот на македонската литература. И ништо помалку, на ова место, ги имаме предвид
научно потврдените трудови од доменот на народниот фолклор,
народната литература: на д-р Кирил Пенушлиски, д-р Томе Саздов, Душко Наневски и некои други научници и критичари, меѓу
кои и оние кои веќе ги епомнавме во ова чисто информативно
проследување.
1 Се наведуваат само клучни пунктови на научните и критичките
истражувања.
4Во двете книги „Македонската литература на XX век“ се
дава на показ една синтетична слика на развојот на македонската литература за последните седум децении, почнувајќи
од научно-лингвистичкото дело на Крсте П. Мисирков, па
заклучно со поетските трагања и остварувања на Мите Богоевски (во првата книга), односно од книжевното творештво за
време на Револуцијата, значајниот прозен опус на Стале Попов
и др., па се до поезијата на главните претставници на т.н. втора
генерација македонски писатели — Србо Ивановски, Гане Тодоровски и др., (во втората книга). Меѓупросторите на овие две
книги се исполнети со повеќе нужно потребни, книжевно-историски обусловени апендиќси, понекогаш вкомпонирани во основата на критичкото проследување во вид на дигресивни
коментари врз појавите од суштествено значење за развитокот
на македонската литература во трите последни периода —
Илинденскиот, Рациновскиот и Слободниот или Период на остварениот континуитет, или пак во вид на критички маргиналии
за некои писатели и дела за кои, верувам, во најскоро време,
можеби во следната книга, вниманието ќе им биде посветено
колку што тие навистина и заслужуваат.2 Преку делото или
одвај литературните обиди на овие писатели, за кои во контекстот на овие две книги не се дава поцелосна, портретски конципирана проекција на карактеристиките и вредностите, со сигурност може да се тврди дека во помала или поголема мера се
олицетворуваат: (1) националната, политичката, социјалната и
книжевната клима и односите што беа присушти во одделни
епохи, (2) усилбите на македонските интелектуалци и сите други
напредни и талентирани луѓе за еманципација на научната и книжевната мисла на македонскиот, српскохрватскиот и бугарскиот
јазик и (3) нивните се позачестени стремежи да ги воспостават распокинатите континуитети во националниот, општокултурниот и, посебно, книжевниот развој и подем во означениот
временски простор. Овде, пред се, мислиме на редица за македонскиот народ и македонската литература специфични појави
што во нејзиниот развиток имаат посебно место и заслужуваат
колку сериозен толку, би рекол, еластичен критички и книжевно-историски третман; такви се, на пример, појавите сврзани со
развитокот на литературата на Македонците што е пишувана на
други јазици, потоа појавите толку карактеристични за покренување на повеќе македонски книжевни гласила во земјата и во
странство, итн. Не треба посебно да се докажува дека токму
преку тие поврзувачки сегменти или мостови на една глобална
слика на генеалошките нумери на македонската литература во
периодот од седум децении се оцртува карактерот на нејзините
специфичности во постојана метаморфоза, а се во зависност од
2 Меѓниците на овие две книги се одредени и од една чисто практична, школска потреба. Тие на авторот му беа сугерирани и од страна
на издавачот „Просветно дело“ од Скопје. Нивното проширување се наметнува со сета книжевно-историска целесообразност.
5историската судбина на македонскиот народ, како и од националните, политичките и културните прилики на Балканот, во
Европа и во светот во тоа време. Не еднаш е речено дека
книжевниот развиток, книжевниот живот и подемот на една литература, се историски обусловени и дека вредносните атрибути
на тој живот, глобално гледано, најчесто зависат од таа обусловеност — зашто се рефлекси на проникнувањето со книжевноестетичката мисла на другите, јазички поблиски или подалечни
народи. Меѓутоа, се поставува прашање за какво проникнување
станува збор кога се има предвид македонската културна и книжевна почва, до колку се ограничиме само на неа, бидејќи специфичниот развиток на македонската литература знае и за проникнувања надвор од нејзината матична почва.
По целата должина на патеката по која се движевме следејќи ја еволуцијата на духот и свеста на македонската литература од поново време, се обпдовме своите спознанија и претпоставки за неа да ги интерпретираме според сопствените погледи и мерила на вредноста, но и штедро патем консултирајќи
ги и сите оние извори на нашата критичка и книжевно-историската свест кои со времето се потврдија како научно докажани
и за истражувањата од ваков вид непречекорливи. Но, како што
би рекол Ежен Јонеско, „треба да се пишува за себе, така човек
може да достигне до другите“. Секој критичар има една своја
визија на книжевната историја, нејзините метаморфози и вредности. Според тоа, во општата визија на една национална литература и кога сака тој не може сосема да ги елиминира субјективните импулси на своето чувствување за нештата. Субјектот
е во глетката и во интерпретацијата на епохата, писателот и
неговото дело, но јас барем настојував „во својата субјективност
да бидам објективен сведок“.
При тоа, во стремежот кон сеопфатот на македонската литература на XX век, се трудев да го проучам конкретното и
посебното: секој писател, секое негово дело, секоја позначајна
појава и вредност. Овој принцип не е само обично работно начело. Уште од Маркс, на пример, се придава исклучително значење на посебното во комплексот на општото, на општите дијалектички закономерности од развојот на националната, социјалната, културната и литературната свест. Во едно свое дело, иако
по друг повод, објаснувајќи ги карактеристиките на т.н. продуктивна ориентација, кај човекот, Ерих Фром вели дека „единствено со проучување на конкретното и посебното можеме наполно
да го разбереме општото“. Денес никој не се сомнева во тоа дека
ова начело е ѕше диа поп за разбирање на анатомијата на вредноста на едно книжевно дело или појава, при што под поимот
анатомија се подразбира секој детаљ, секоја и најмала единица
на значењето, со која делото е структурирано, како и начинот на
неговото (формално) структурирање. Имено, хирурзите добр©
знаат дека од нивниот начин на употребата на инструментот,
исто како и од познавањето на анатомскиот склоп на организ-
6мот, зависи каков ќе биде крајниот исход на нивната работа, но
исто така им е познато дека организмот може да изненади со
факти кои порано не беа познати дури ни_ како претпоставки.
Според типолошко-методската специфичност критичкото
проследување во двете книги „Македонската литература на XX
век“ би можело да се класифицира, главно како портретско, со тоа што овде-онде се забележливи и очигледни отстапувања од проверените, класични и буквално школски принципи на
интегралното проицирање на творечкиот опус и личноста на
писателот. Принципот, сепак е присутен, барем како работно
начело, во следното: во оекој литературен портрет, покрај писателот и него’вото дело мора да се чувствува пулсот на времето
и пулсот на поднебјето во чии пазуви тоа дело настанувало и
од чии метаморфози и самиот писател ги извлекувал нужните
креативни сознанија, на тој начин идејно дооформувајќи го
својот творечки лик. Примери на одлични литературни портрети /
има многу, но оние на Сент-Бев, Герг Лукач, Ерих Ауербах, С.М.
Баура, Јован Скерлиќ, Александар Воронски и Велибор Глиго- /
риќ, и денес несомнено се теориски актуелни — меѓу другото
и со оглед на разликите што од еден до друг портрет се повеќе
отколку очигледни. На пример, паѓа во очи разликата во самото
сфаќање на литературниот портрет, за тоа шТО треба или мора
тој да содржи како форма на еден посинтетичен книжевно-критички израз. Како основач на биографско-психолошката критичка школа, Сент-Бев трагаше за ТОа биографско и психолошко
во делата на француската класика. Кај Лукач, пак, во марксистичкиот третман на делото преовладува социолошкиот момент и големата ерудиција на филозофот и естетичарот по
вокација. А. К. Воронски за самиот портрет го има следниот
став: „Литературниот портрет — вели тој — има една карактеристика: го присилува критичарот да има постојано на ум
дека во уметничкото дело идеите и чувствата живеат со конкретниот живот на ликовите, дека тие се индивидуално прекршени и треба да звучат естетски.“ Се чини дека литературниот портрет секогаш се наоѓал на границата меѓу својата книжевно-естетска, т. е. книжевно-историска и педагошко-дидактичка функција, па во тој фокус се согледливи и позициите
на одделни автори. И, натаму: има критичари кои успеале да
ги помират противречностите присушти во сфаќањето на портретот, со тоа што секој нивен „екстремен“ елемент е сведен на најнеопходна мера и, речиси до непрепознаеност е инкорпориран
во текстот. Ако јас самиот донекаде успеав во тоа настојување, не се сомневам дека овие две книги ќе ја исполнат својата намена: да бидат, портретски конципиран, книжевно-историски преглед на македонската литература на XX век.