دانلود کتاب Меѓународно казнено право
by Олга Кошевалиска, Елена Максимова
|
عنوان فارسی: حقوق کیفری بین المللی |
دانلود کتاب
جزییات کتاب
Учебникот во голема мера има за цел да го олесни на студентите совладувањето на сложената материја од областа на меѓународното казнено право, но и да ги упати кон голем број дополнителни библиографски единици од истата област со чија помош ќе можат да ги прошират, да ги продлабочат и да ги унапредат своите знаења и вештини што се неопходни во областа на меѓународната правна помош и соработка во кривичната материја. Сметаме дека учебникот ќе биде корисен особено за студентите на прв и втор циклус на студии и целата академска заедница, но содржините се интересни и за правните практичари и сите останати субјекти кои имаат интерес во оваа проблематика.
Појдовна инспирација за пишувањето на овој учебник е фактот што во домашната правна литература и помеѓу академските учебници нема современ учебник по предметот Меѓународно казнено право кој ја опфаќа целата национална и меѓународна легислатива. На издавањето на овој учебник му претходеа најголемите измени на материјата која е предмет на негово изучување, меѓу кои ќе ги вброиме конституирањето на Постојаниот Меѓународен кривичен суд, конституирањето на Европол, Европравда, новата легислатива за азил и меѓународна правна соработка, конституирањето на Европскиот Јавен Обвинител итн. Оттука, од големо значење е објавувањето на учебникот „Меѓународно казнено право“ бидејќи за првпат со него се систематизира материјата во една целина која соодветствува со наставната програма и потребите од изучување на овој предмет.