دانلود کتاب Подвижно огледало.
by Миодраг Друговац
|
عنوان فارسی: آینه متحرک. |
دانلود کتاب
جزییات کتاب
Во оваа книга авторот се обидува да го опфати моментно најинтерпретативното во доменот на современиот македонски роман, иако тој момент е прилично растеглив и не секогаш, не на оите свои пунктови, подеднакво уметничко убедлив и супериорен. Треба да се истакне дека тој момент, всушност, е периодот на македонската литературна историја од 1953
— 1964 година, т.е. од првиот македонски роман „Село зад седумте јасени“ од Славко Јаневски до романот „Кратката пролет на Моно Оамоников“ од Димитар Солев, а тоа е истовремено еден таков период на чиишто патишта и беспаќа конечно естетски се кодифицирал и романсиерскиот израз на мнозинството наши постари и помлади писатели.
Во темпоралните граници на овој период распознајни се
и границите на т.н. прв романсиерски круг во македонската
литература, иако не треба да се има илузија дека е тој конечен, сосем затворен, довршен. Впрочем, не станува збор за
умеѓување на круговите или опусите на одделни писатели и на
една национална литература во целост, па ни на вредноста во
доменот на романескната проза, иако овој проблем подолго време стои отворен и со целата тежина на своите факти наблега
врз свеста и совеста на литературната критика. Исто така, не
е ова никаков роман за романите ,макар што овде-онде е присутна тенденција кон битието на романот да се пријде од
едно неконвенционално, повеќе есеистичко одошто критичко
становиште и повеќе со намера да се продре ДО' антрополошките координати на делото и тие да се објаснат — одошто
да се фиксира систем на строги, пресудци судови единствено
за естетските вредности на делата. Како книга, со збирот на
своите текстови, со количеството на своите забележувања и
искуства, таа е еден вид литературно-критички (есеистички)
5и литературно-историски потсетник или, ако сакате, увод во
уште ненапишаната поетика на македонскиот роман. Притоа,
авторот превосходно го занимавал системот на односи со кои
се објаснувал поединечниот лик на романот, а се разбира —
во прв ред, оној систем на односи со кои се втемелувал и објаснувал централниот херој на романот, носител на романескната фабула, често нејзин посреден или непосреден наратор, личност чијашто улога во делото е неразделно доминантна. Колку е, методолошки, овој пристап кон делото доволно ефикасен, колку е тој, како метод, прифатлив со оглед
на своите инструменти за интерпретација и вреднување — за
тоа, несомнено, ќе треба разложно да. се изјасни некој друг, а
секако оној што е начисто со основната авторова методолошка
позиција.
Во литературата се случил преврат уште со Бодлер и со
Достоевски. Романот напредувал, драмата и поезијата исто така. Што станува со литературната критика и есеистика? Неоомнено, литературната критика денеска е поценета одошто
кога било порано, покрај другото, благодарение и на фактот
за нејзиното се порадикално ослободување од повеќе неприфатлиВи шеми, калапи и норми (догми!). Од „Поетиката“ на
АриСтотел, а особено од XIX век до денеска е направен фасцинантен напор на литературната критика да и се обезбеди творечко достоинство, а 'Истовремено да се зачува и нејзината моќ на остра валоризација, значи — моќ на судење:
научно аргументирано, општествено ангажирано и функционално. Постоеле и ден-денеска постојат обиди преку занимливи интерпретации на литературното дело, или на некои негови а1спекти, да се обезбеди и максимална критичка акција, т.е.
во интерпретираниот свет на делото, преку методот на ненаметливото, спонтаното и суштински критичкото опсервирање,
да се вткаат претставите и судовите за уметничките вредности,
а тоа се, пред се акционите вредности на делото. Во потрага по
тие акциони вредности постојат многу и различни патишта и
сите тие се, помалку или повеќе, прифатливи, или барем можат да бидат прифатливи до колку исполнуваат некои чисто
функционални услови. Во овие текстови нивниот автор се зафати со задачата до тие вредности да продре преку анализа
на антрополошките елементи содржани во1 ликовите, во главните херои на делата со чијашто студија сукцесивно се занимаваше повеќе години и за кои, по разни поводи, веќе се
изјаснуваше. Притоа, авторот беше свесен за едца очигледна
теш!котија: антрополошкиот систем на личностите, без оглед
колку е широко полето за изучување наедно и на уметничките
вредности на самите дела, на некој начин ги залажуна трагите на тие вредцости, одвлекува во есеистичко детализирање,
да речеме — во проучување и детерминирање на психолошкиот минимум или максимум, онаа максимално' постигната граница во псИхолошко фиксирање на ликовите, карактери или
симболи чијашто недоволност е сосем очигледна во сфаќањето
6на интегралните квалитети на делата доколку не постои и
фиксирање, да речеме, на минимумот или на максимумот на
естетските детерминанти на делата. Затоа авторот мораше да
се зафати со уште една, ни малку лесна задача: на релациите
на критичко-есеистичките размислувања за ликовите (дела и
автори) да установи еден обединувачки принцип — принцип
превосходно работен, а Кој во себе ги обединува барањата на
занимливата есеистика и на критичкото вреднување. Со еден
збор, се сакаше со овие текстови да се разбие канонот на критичката интервенција, а, наспроти тоа, преку поларизација на
вредностите и преку нивното истакнување, да се зачува достоинството на критиката и, со тоа, покрај друтото, нејзината литературно-општествена функција да се осмисли и семантичкометодолошки да се обогати уште со едно искуство. Со други
зборови, овде е присутен еден обид, веројатно нов и се уште
непознат во просторите на нашата критика и есеистика, од
самите ликОви да се исцрпи онаа најживотодавна есенција
која, со постапката за развивање и усложнување на фабуларните ткива, да се разлева по нив како светлина од длабините
на сончевото јадро, па, сходно на тоа, како нужност се наметнуваше и потребата исто така и тие разлеани &еста, тие места
опфатени од идејната, моралната или психолошката флуоресценција на херојот, да ги иследат и објаснат критички или
есеистички. Несомнено е дека тука и таму имаше и некои
очигледни отстапувања од оваа работна задача; дека е тоа
така причините би можјеле евентуално да се побараат во податноста или неподатноста, т.е. во отпорноста на некои дела
да им се пријде со сите расположиви средства на една вака
замислена методолошка постапка.
Во компонирањето, пак, на самата книга авторот избра
една донекаде невообичаена постапка: во случајов него го интересираше и историската трага на настаните почнувајќи од
отоманското владеење во Македонија, па преку солунските
атентатори се до нашиве дни во условите на конечно извојуваната национална слобода и социјална рамноправност. Така,
на пример, некои романи што се објавени подоцна од првиот
македонски роман „Село зад седумте јасени“ од С. Јаневски, се
најдоа во книгата пред овој роман, според тоа кои настани,
според календарот, времето и историјата, имале предност. Што
сакаше да се постигне со ваквата кОмпозиција на книгата?
Накусо, ако литературата е „барометар на, општеството“, а тоа
е, иако не само тоа, повеќе одошто сигурно дека преку оваа
постапка на читателот му се овозможува една мошне пластична слика за приликите и за одцосите на македонското поднебје
во распонот од повеќе децении, и тоа една таква слика што не
мирува ни за момент, што е во постојано движење и што се
метаморфозира битно од дело во дело, — значи, една слика
со сите особини на подвижното огледцло, впивајќи ги во себе
односите и недоразбирањата, траумите и корозиите, величините на жртвите и триумфите на победата, на Сцила и Харибда
7на човечкото чекорење низ времето и низ просторот... Да, но
каде се тука генезата и еволуцијата на македонскиот роман?
И, зар со оваа постапка не се нарушила литературно-историската трага на овој роман, зар, според тоа, не се дава крива
слика на неговиот развој? На овие прашања, како и на некои
други слични на нив, можен е само еден одговор: •авторот не
пишуваше никаква поетика ниту историја на македрнскиот
роман, при кое литературно-историскиот третман на делата би
можел да биде применет со максимално респектирање на фактите од литературната историја. Впрочем, основните податоци
(датумот кога е објавен романот и сл.) се дадени во самите
текстови, а тоа е доволно да може да се има претстава за
историските текови на нашиот роман.
Текстовите во оваа книга се објавени во текот на 1966,
1967 и 1968 година, во скопското списание „Современост“, и
сега се појавуваат како целина, во незначително изменет облик. На бившата и на сегашната редакција на ова списание
авторот и по овој пат им заблагодарува за колегијалното разбирање на неговите литературно-критички напори и настојувања многустраниот, можеби и познат свет на македрнскиот роман да стане уште попознат. Особени изрази на благодарност
авторот му должи на поетот и преведувач Евтим Манев, јазички соработник и грижлив лектор на текстовите.
М. Д.